Не стивнуваат признанијата: Додавањето на Кара до Столе е асистенција на годината! (ВИДЕО)

Иако помина повеќе од еден месец, откако ракометарите на Вардар ја освоија европската шампионска титула, се уште не стивнуваат признанијата.

Последното доаѓа од медиа тимот на Европската ракометна федерација, а се однесува на најдобрата асистенција на годината.

Епското додавање на Игор Карачиќ до капитенот Стојанче Стоилов во финалниот натпревар против Веспрем, уште долго време ќе биде дел од некои ТВ шпици.

Погледнете…