Не помогнаа ниту браќата Карабатиќ: Монпеље го преслуша ПСЖ

Составот на Монпеље кој е првопласиран во најсилната лига на Франција дојде до големи два бода откако во дербито го совлада составот на ПСЖ со 33:30.

300x250

Монпеље ја имаше контролата на играта во текот на целата средба и немаше никаков проблем за победата. ПСЖ кој денеска ги имаше на терен и браќата Никола и Лука Карабатиќ беше далеку од играта која е потребна за да може да се дојде до бодови, па затоа беше навистина тешко да се успее да се стигне барем бод на овој меч.

Никола го заврши мечот со четири, а Лука со три гола што не беше доволно. Најефикасен кај гостите беше Ремили со седум гола, додека на средбата играчот на Монпеље, Валентин Порт со девет гола од девет шута.

Голманите беа под вообичаениот просек. Винсен Жерар од таборот на домашните заврши со девет одбрани, додека кај гостите Омејер имаше пет, а Коралес само една.

Со овој триумф Монпеље направи предност во однос на ПСЖ од шест бода, додека на второто место е Ним со пет поени помалку од лидерот.