Не плачат само вардарки при разделбата со клубот (ФОТО)

Полека дојдовме до пред самиот крај на уште една ракометна сезона. Во многу првенства шампионите се познати многу порано од предвидениот термин, а голем дел од играчите имаат нови клубови каде ќе ја продожат својата ракометна приказна.

300x250

Ситуацијата со вардарки беше најтажна бидејќи се става крај на еден врвен ракометен проект кој по подолго време повторно ја вивна Македонија во врвот на женскиот ракометен крем. Изминатиов месец се изнагледавме емотивни сцени во кои разбирливо главни актерки беа ракометарките на Вардар.

Но, не се само вардарки емотивни кога станува збор за разделбата со својот клуб. Слични слики ни пристигнуваат од Словенија, поточно од Љублана, каде ракометарката на Крим- Елизабет Омореги се опрости од соиграчките и својот Крим.

Познато е дека Бугарката со нигериски корени по крајот на оваа сезона го напушта Крим и следната година ќе го носи дресот на ЦСМ Букурешт. После четири сезони во Љубљана, Омореги емотивно го доживеа моментот на опростувањето со својата екипа и навивачите, па пушти и некоја солза на својот последен меч.

Крим славеше на последниот натпревар од Словенечката ракометна лига со 37-22, и без ниту еден пораз стигна до својата 23 титула во Словенија.