Не му се погоди полскиот тим: Циндриќ по една сезона се прости од Келце (ФОТО)

Поранешниот ракометар на Вардар, Лука Циндриќ, по само една одиграна сезона во полскиот шампион Келце, си заминува.

Тој имаше големи проблеми со повреди откако се пресели во Полска, но сепак oчигледно беше незадоволен во тимот предводен од Талант Душебаев.

Циндриќ од лето ќе го носи дресот на каталонскиот гигант Барселона, а на социјалните мрежи се одјави од Келце.

„Ова е од последниот натпревар во жолт дрес. Ви благодарам на сите. На фановите, на претседателот, на тренерот, на соиграчите. Една успешна сезоа е зад нас и на сите ви посакувам се најдобро во иднина“, напиша Циндриќ на социјалните мрежи.