Не купивте билет за Келн? Нема проблем… Вардар обезбеди дополнителни блок-билети за Ф4

Поради големата заинтересираност на навивачите за да му ја дадат својата поддршка на Вардар, клубот обебеди нова тура блок-билет за Ф4 турнирот во Келн. Билетите се веќе пуштени во продажба, а вредното парче хартија можете да го купите во Фан шопот на Вардар како и онлајн на слениов линк.

Навивачите на Вардар ќе може да купат билети за секторот 218, а цената на билетите е 17.300 денари. Во оваа цена влегува само билетот за натпреварите (полуфинале и финален ден).

Сите останати информации можете да ги добиете на e-mail: contact@rkvardar.com
тел: + 389 70 323 952

Фајнл-фор турнирот од Лигата на шампионите ќе се одржи на 26 и 27 мај во Ланксес Арената во Келн.