Не игра повеќе за Вардар, а го има еден од најубавите голови оваа сезона! (ВИДЕО)

Медиа тимот на ЕХФ ја објави видео компилацијата на 30 најубави голови за минатата сезона во Лигата на шампионите.

Тимур Дибиров е „главен“ со два погодоци, кој од кој поубав – првиот во финалето против Веспрем, како и еден од најважните голови на гостувањето кај ПИК Сегед.

Во изборот се наоѓа и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков со извонредниот погодок постигнат „зад грб“ за Веспрем против Спортинг.

Од останатите ракометари што го носеа или се уште го носат дресот на Вардар, имаше место и за головите на Кристопанс, Шишкарев, како и за оној на Борозан против големата Барселона.

Погледнете ги најубавите 30 погодоци ТУКА.