НЕ Е САМО МАКЕДОНИЈА: Ниту во Полска нема да се гледа Лига на шампиони?!

Лоши вести за полските навивачи стигаат од радиодифузерите. Полските канали не се подготвени да ги платат правата за пренесување на натпреварите од Лигата на шампионите.

Најверојатно идната сезона натпреварите на Келце и Висла Плоцк нема да ги пренесува ниту една домашна телевизија, исто како што е случајот и кај нас. Па единствена опција за следење на мечевите ќе биде преку стримови на интернет.

Претставниците на Eleven Sports пред новинарите изјавија дека каналот речиси сигурно нема да може да ги откупи правата за следната сезона. Телевизијата ТВП Спорт воопшто не е заинтересирана пренесување на натпреварите. Единствена надеж останува Канал +, која во 2013 година пренесуваше натпревари од Лигата на шампионите.

Цената на ТВ правата за полските телевизии е веќе намалена од ЕХФ, но и понатаму останува премногу висока за полските радиодифузери.