Не е лесно Штербик да ти е конкуренција: Миклер се враќа во ПИК Сегед?

Унгарскиот репрезентативен голман Роланд Миклер по четири години најверојатно ќе си замине од Веспрем. Миклер сезонава има силна конкуренција во Арпад Штербик и не е во преден план, па договорот што му истекува на лето, нема да го продолжи.

Во претходните три сезони формираа одлично дуо со Мирко Алиловиќ, кој сега е во ПИК Сегед, па повторно би можеле да бранат заедно. Миклер дојде во Веспрем од Сегед во 2014 година и во првата сезона беше избран за најдобар голман во Лигата на шампионите.

Покрај Алиловиќ, во ПИК Сегед брани и Марин Шего. Хрватот има договор до крајот на сезоната, кој нема да биде продолжен, со што ќе се отвори место за Миклер.

Замена за унгарскиот репрезентативец во Веспрем, би можел да биде шведскиот голман Михаел Апелгрен од Рајн Некар. Тој веќе беше споменуван како можно засилување уште кога Врањеш беше на клупата на Веспрем, но можеби плановите на унгарскиот тим ќе се сменат по неговото заминување.