Не го освоија златото, но тие се ѕвездените од Будимпешта (ВИДЕО)

Вардарки го загубија вчерашното финале против Ѓер, но  дефинитивно доминираа во останатите индивидуални категории каде собраа голем број на признанија и награди.

Една од нив е и категоријата “три ѕвезди” на Ф4 турнирот во која се најдоа две вардарки. Секако веќе погодувате. Францускиот октопот на голот на Вардар, ракометарката која на Ф4 турнирот во Будимпешта запиша дури 36 интервенции зад своето име (17 во полуфиналето и 19 во финалето)-Амандин Лејно, е првата ѕвездена ракометарка во Будимпешта.

Друштво во оваа категорија и прави ракометарката која со своите перформанси покажа и докажа зошто беше избрана за најдобра светска ракометарка. Андреа Лекиќ кога беше потребно играше за тимот, но кога немаше идеја секогаш беше тука со своите индивидуални мајстории да го извади Вардар од калта.

Во ова друштво влезе и одличниот централен бек на Ѓер- Нике Грот.  Холанѓанката со својата брзина и непредвидливи движења постојано им задаваше проблеми на противничките дефанзивци, и беше лидер на Ѓер посебно во транзицијата.

Најдобрите “три ѕвезди” на Ф4 турнирот низ призмата на ЕХФ погледнете ги на следниот ЛИНК