Не беше за оние со слабо срце – трилер завршницата меѓу Пролет и Металург (ВИДЕО)

Во меч со возбудувања до последната секунда екипите на Пролет и Металург одиграа нерешено 26:26, но тешко е да се процени кој може да биде задоволен, а кој разочаран од овој резултат.

Пролет водеше со 25-23 на минута и пол до крај, а Аларов беше исклучен на минута до крај.Танкоски брзо реализираше за 25:24, а Металург заигра пресинг и брзо пресече.

Јагуриновски беше фаулиран од Андоновски, па бекот на Пролет доби две минути. Чантурија реализира за 25:25, а Матлиески побара тајм-аут на 15 секунди до крај.

Во овие 15 секунди се случуваше драма. Поповски претрча сам од центарот до шест метри и погоди за ново водство. Пролет ерализираше со четири играчи, но Иракли Кбилашвили набрзина врати, па на крај бодовите беа поделени.