Неописливо! Хрватска слави полуфинале (ВИДЕО)

Во највозбудливиот четвртфинален натпревар на Светскиот шампионат, Хрватска за еден гол беше поуспешна од Шпанија и со конечни 29-30 обезбеди ново мундијалско полуфинале во својата историја. По неуверливите игри кои „каубоите“ ги прикажаа на ова првенство, фантастичната четвртфинална претстава покажа дека овој колектив е насочен кон големи успеси. Нема повеќе притисок, само импeратив да се надминат самите себе и да покажат колку вредат. Токму затоа вечерва во Монпелје се слави, весело е во автобусот на хрватската репрезентација, насмеани лица и олеснување во хрватскиот табор пред утрешниот ден и деталните анализи на следниот противник, репрезентацијата на Норвешка.

Со навивачката химна „Неописливо“ на Запрешиќ Бојс, хрватските репрезентативци во позитивна атмосфера ќе го дочекаат новиот ден и новите ракометни искушенија на Светското првенство 2017…