Нема шега со европскиот првак: Шпанија ја „оддува“ Норвешка во Бодо

Селекцијата на Шпанија која е актуелен европски првак дојде до уште една титула, а овој пат се работи за ЕХФ-ЕУРО купот во кој играа против трите домаќини на шампионатот во јануари следната година, Австрија, Шведска и Норвешка.

Победникот го одлучи последниот меч. Норвешка и Шпанија имаа ист број на бодови, а во последниот меч беше јасно дека треба победа за да се обезбеди трофејот. „Фуријата“ беше одлична кога беше најпотребно и го совлада противникот кој делуваше како фаворит пред средбата.

Норвежаните не можеа да издржат, па мораа да се помират со пораз така што на крајот Шпанија докажа дека нема шега со европскиот првак и дека уште има ракометари кои се во топ форма.

ЕХФ-ЕУРО КУП 2020

6.КОЛО

НОРВЕШКА – ШПАНИЈА       30:31

Мирхол 10, Јондал 5, Сагосен 5 – Македа 7, Ентрериос 6, Арињо 4

НЕДЕЛА, 16 ЈУНИ

17:00ч

ШВЕДСКА – АВСТРИЈА

ТАБЕЛА: 1. Шпанија 10 бода (186:170); 2. Норвешка 8 (202:173); 3. Шведска 2 (140:161); 4. Австрија 2 (150:174)