Нема шега со Вардар, шампионот во шампионски стил ја почна сезоната

Ракометарите на Вардар тргнаа со победа во новата сезона и покажаа дека и годинава никој нема да смее да ги потценува. На местото каде што лани тргнаа во сезоната и годинава на ист начин ја почнаа новата во која ја бранат титулата.

Победата забележана денеска против Монпелје е патоказ за убава сезона во која ќе мора да се одигра на истото ниво како и на сите средби досега во Лигата на шампионите. Јасно е дека овој дуел е само почеток на сезоната, но и почеток на едно натпреварување во кое секој мора да го сфати Вардар максимално сериозно.

Сето она што денеска го одработија и потезите кои ги направија се убав предзнак така што е време да се покаже најдоброто на средбите кои допрва ќе се играат. А особено ќе биде интересно кога ќе се комплетира тимот бидејќи уште има ракометари на листата на повредени, а меѓу нив е и капитенот Стоилов.

Во продолжение можете да ги погледнете сите резултати од првото коло од натпреварите кои досега беа одиграни, како и најдобрите стрелци на секој од тие натпревари.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ (МАЖИ)

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

ГРУПА А

ПИК СЕГЕД – БАРСЕЛОНА      31:28

Македа 7, Радивојевиќ 6, Бахиди 5 – Фабрегас 8, Арињо 5, Мем 5

ППД ЗАГРЕБ – ПСЖ         29:37

Хорват 6, Бичаниќ 6, Мандиќ 4 – Ду Риц 7, Сагосен 6, Конко 5

НЕДЕЛА, 15 СЕПТЕМВРИ

17:00ч

ЦЕЛЈЕ – ФЛЕНЗБУРГ

19:00ч

ЕЛВЕРУМ – АЛБОРГ

ГРУПА Б

МОНПЕЛЈЕ – ВАРДАР    31:33

Порт 7, Дескат 5, Симонет 5 – Скубе 7, Дибиров 6, Шишкарев5

ПОРТО – МЕШКОВ БРЕСТ       27:25

Бранкињо 8, Амадор 4, Магаљаеш 4 – Ѓукиќ 9, Паниќ 4, Шумак 3

НЕДЕЛА, 15 СЕПТЕМВРИ

17:00ч

ВЕСПРЕМ – МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ

19:00ч

КИЛ – КЕЛЦЕ

ГРУПА Ц

КОКС – САВЕХОФ 25:30

Лукјанчук 6, Сејменов 6, Ронберг 4 – Богојевиќ 8, Салихи 5, Карлсон 4

ТАТРАН ПРЕШОВ – БИДАСОА ИРУН           23:25

Грзентиќ 5, Муњоз 4, Рабек 4 – Одриозола 6, Каверо 3, Салинас 3

НЕДЕЛА, 15 СЕПТЕМВРИ

17:00ч

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – СПОРТИНГ

ГРУПА Д

КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН – ДИНАМО Б.        28:28

Марош 6, Шешум 6, Чазар 4 – Банур 5, Кудуз 5, Алуини 4

ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – ВИСЛА ПЛОЦК    25:23

Кисељев 6, Санталов 6, Андреев 2 – Матулиќ 5, Шита 4, Млакар 3

НЕДЕЛА, 15 СЕПТЕМВРИ

17:00ч

КРИСТИЈАНШТАД – ГОГ