Нема шега со Бахреин, Кристјансон ги научил на добри финти (ВИДЕО)

Ракометарите на Бахреин претрпеа пораз на стартот на Светското првенство против Шпанија со 23:33, но овој резултат сигурно нема да им биде пречка утре против Македонија да покажат уште подобра игра. Тие потврдија дека имаа добри пеналџии, а еден таков пенал го исфрли од рамнотежа Перез де Варгас.

Јасно е дека селекторот Кристјансон ги има добро научено и дека овие финти можат да им донесат шанса за гол повеќе и шанса плус, па ќе биде интересно. Сепак, добро е што покажа дека научиле добри финти, па Ристовски и Митревски утре ќе ги дочекаат подготвени.