Нема убави вести за ракометарките на Металург пред ждрепката во Купот на ЕХФ

Ракометарките на Металург ќе имаат тешка задача во 1. коло од Купот на ЕХФ бидејќи имаат група на можни ривали против кои ќе имаат тешка задача. Рангирањето е такво што Металург е на 45. позиција, а можните противници од 27. до 40. место што значи дека ќе има две тешки пресметки.

300x250

Младиот тим на Металург нема голем избор и сите ривали значат дека ќе има долг пат бидејќи нема ниту една екипа во близина. Оттаму ова ќе бидат дуели на кои тешко ќе може да се бара резултат.

Меѓу потенцијалните ривали се и Виборг, Звезда Звенигород… а тоа се екипи кои можат добро да се снајдат и во Лигата на шампионите.

Инаку, ждрепката е на 17 јули, а средбите се играа на 8 или 9 септември и една недела подоцна.

МОЖНИ ПРОТИВНИЦИ НА МЕТАЛУРГ

Виборг (Данска), Звезда Звенигород (Русија); Мецинген (Германија), Вац (Унгарија), Иси Парис (Франција), Фредрикштад (Норвешка), Славија Прага (Чешка), Кастамону (Турција), Заглебие Лубин (Полска), Хорс (Шведска), Споно Иглс (Швајцарија), Атлетико Г. (Шпанија), БНТУ Минск (Белорусија), Ото Вокрфорс (Холандија).