Нема промени: СЕХА и следната сезона по истиот систем

Очекувањата и надежта не екипите да добијат место во проширена СЕХА-лига паѓаат во вода. Според информациите до кои доаѓа 24 Ракомет ова нема да се случи натпреварувањето и во новата сезона ќе биде според системот по кој се играше и во последната 2017/2018 која финишираше со титула на Вардар.

300x250

Ова значи дека и во новата сезона ќе се игра во една група од десет екипи кои ќе одиграат 18 кола на патот кон завршниот турнир каде има вообичаено место за најдобрите четири состави. Нема да има промени во начинот на играње, но останува да се види составот на тимовите.

Веќе е јасно дека Македонија ќе ја претставуваат Вардар и Металург. Хрватска и во новата сезона ќе ги има ППД Загреб и Нексе. Од Србија годинава се Војводина и Железничар, додека Словачка и Белорусија ги имаат повторно Татран Прешов и Мешков Брест.

Останува да се види дали Целје ќе одлучи да игра и годинава да биде единствениот претставник на Словенија, а се чека и официјална потврда од Веспрем за враќањето во СЕХА-лигата во новата сезона. Ако Целје и Веспрем дадат и официјална потврда тогаш десетката е подготвена за да влезе во нова битка за трофејот во СЕХА-натпреварувањето.