Нема попуст ниту за „сестрите“

Во натпревар меѓу Вардар и Вардар Јуниор, поискусните вардарки лесно, па и убедливо триумфираа на дуелот со 45:10. Многу помладите и неискусни ракометарки на Вардар јуниор имаа лошо прво полувреме и постигнаа само два гола, првиот во 11, а вториот во 17 минута. Само Ѓоргиевска и Филипоска успеаја да ја совладаат Јована Мицевска.

На другата страна поискусните играчи кои имаат и искуство од мечеви во Лига на шампионите одржаа само тренинг, бидејќи „домашните ракометарки” немаа ниту сила ниту можност да се спортистават. Кузнецова даде 11 голови, а Ристовска 9 во убедливиот триумф, додека само Божиновска имаше 2 гола кај Вардар Јуниор.