Нема кој да го запре и да го натскока: Кога си џин секоја висока топка е твоја (ВИДЕО)

Екипата на Вардар синоќа загуби со 26:30 против Барселона во меч со голема неизвесност и борбеност во текот на сите 60 минути.

Каталонците си заминаа со триумф после големо надигрување, но од овој натпревар остана забележан еден интересен момент во кој ракометар на Вардар излезе како победник во дуел со одбраната на Барселона.

Кристопанс се покажа како одличен скокач, а добриот скок му даде и одлична позиција за шут што секако беше и лесна егзекуција.