Нема измени на десно крило во Вардар: Шишкарев останува уште една година

Екипата на Вардар почна да го формира тимот за следната сезона, а новите вести велат дека Данил Шишкарев останува меѓу “црвено-црните” и во текот на 2017/2018.

Русинот беше еден од ракометарите за кои се зборуваше дека ќе си замине од Вардар, но очигледно е дека работите се менуваат. Шишкарев во последните две години игра во најдобра форма и дефинитивно од неговото останување ќе има корист.

Годинава Вардар има три десни крила. Покрај Шишкарев тука се и Чупиќ и Поповски, а сите играат во одлична форма така што ова ќе бидат слатки маки за наследникот на Раул Гонзалес.

И за следната сезона позицијата десно крило во Вардар ќе биде на истото ниво на квалитет како и во минатата и во оваа сезона.