Немања Прибак: Турција е помладена, но солидна селекција (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Турција е првиот противник на Македонија во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Средбата се игра в четврток во Битола, а на тој дуел очекувањата се да биде виден добар натпревар во кој Македонија ќе биде фаворит.

Немања Прибак, кој е ракометар на шампионот на Турција, Бешикташ добро знае како е да се игра против овие ракометари, но и знае дека ова е добар состав.

„Турците имаат нов селектор и подмладен состав. Репрезентацијата е во процес на подмладување. Ги нема поискусните Толга и Доне кои беа главниот дел од националниот тим. Сега доаѓаат помлади играчи од кои се очекува да ја водат играта. Тие играа на Медитеранските игри и беа сосема солидни. Затоа и сега не можеме да кажеме ништо повеќе пред мечот. Се работи за добра репрезентација“, изјави Прибак.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во продолжение.