Немања Прибак после големата победа: Среќата ги следи храбрите!

Средниот бек Немања Прибак одигра добар меч.Иако заврши со еден погодок, сепак, успеа да помогне многу во клучните моменти така што и тој имаше одличен придонес во победата.

300x250

„Почнавме лошо во нападот. Имавме лош шут и реализација и ни беше потребно време за да влеземе ритам. Потоа беше полесно. Откако почнавме да ја играме нашата игра ни дојде вистинското. Тоа е важно за вакви средби и успеавме да го одиграме она што е потребно“, изјави Прибак,

Тој вели дека очекувал Словенија да тргне со груба игра во која ќе има многу исклучувања.

„Знаевме дека ќе биде грубо. Беше навистина тешко, но очекувавме ваква игра. Сепак, на крајот успеавме да го одиграме она што е потребно и да го најдеме начинот да стигнеме до гол. Последните две минути беа навистина тешки. Влеговме во пасивен напад, но среќата ги следи храбрите“, коментираше Прибак,