Немања Прибак: Посакувам Металург одново да биде силен

Репрезентативецот на Македонија и играч на Бешикташ, Немања Прибак уште еднаш си замина со победа од гостувањето кај Металург со што успеа да се избори за важни бодови во Лигата на шампионите со своите колеги.

Бешикташ славеше со 30:22 во СЦ „Борис Трајковски“, а Прибак на овој дуел беше стрелец на три гола од кои два беа уште на самиот почеток од средбата.

„Задоволен сум од играта денеска. Игравме многу подобро отколку на првата сребда. Во моментов Металург е во специфична ситуација особено во последните 2-3 години и се обидуваат да направат подобра екипа. Ова е лошо за македонскиот ракомет. Им посакувам да бидат надминати овие проблеми и Металург одново да биде да биде силен. Сметам дека можевме многу повеќе на теренот. На првиот меч имавме лоша партија дома, но денеска покажавме дека можеме да бидеме многу подобра екипа“, изјави Прибак на пресот после натпреварот.

Со ова победа Бешикташ се враќа во игра за двете позиции кои водат понатаму, а ќе мора да се одигра на високо ниво и против Чеховски медведи в сабота ако се сака висок пласман.