Немања Прибак за 24 Ракомет ТВ: Првиот меч на ЕП ќе биде нашиот патоказ (ВИДЕО)

Денешниот тренинг на репрезентацијата на Македонија мина со 19 ракометари, а останаа уште Филип Миркулоски и Филип Талески кои денеска го имаа последниот меч во Бундес лигата за да можат да бидат комплетни. Денеска пристигна Немања Прибак, кој беше одлично расположен после првиот тренинг во подготовките за ЕП.

300x250

„Имаме одлична атмосфера. Почнавме со работа, а не очекува одлично првенство. На него не гледам аутсајдери и некои изразити фаворити. Во Хрватска ќе бидат 16 одлични селекции. Ние сме во силна група, но првата средба ќе биде многу важна за нас и ќе го даде патоказот за ова натпреварување“, изјави Немања Прибак за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.