Награда за Нелоски по двете победи со Кобург (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Марко Нелоски има одличен старт на новата епизода во неговата кариера, во германскиот Кобург. Тој дебитираше за новиот тим во петокот, а на вчерашниот дуел, што Кобург го доби убедливо на гости кај Рајн Викингс, левиот бек имаше максимален учинок 6 голови од 6 обиди.

Во Германија се знае како се прославуваат победите, со пиво, па Нелоски ќе мора полека да се навикнува на тоа. По двете победи изминатиот викенд, ракометарите на Кобург добија слободни денови, па клубот честеше по некоја кригла пиво.