Нелоски и Кобург ја загубија битката со лидерот Бергишер

Тимот на Кобург, каде што настапува македонскиот репрезентативец Марко Нелоски, загуби на дуелот против лидерот Бергишер на домашен терен со 22:29, во натпревар од 19 коло во Вотрата бундес лига.

Иако во првиот дел беше нерешено, 11:11, во вториот Нелоски и соиграчите постигнаа само 11, а примија дури 18 голови. Левиот бек постигна 3 голови од 9 обиди, а имаше и 2 асистенции, како и 1 блокада.

Кобург имаа 22 бодови и заостанува 7 во битката за првите две места кои водат во најквалитетната конкуренција во Германија.

Фото: Valentina Trajkovska