Нелоски и Кобург победнички ја завршија годината

Марко Нелоски, кој не се наоѓа на списокот на селекторот Гонзалес за ЕП, и неговиот тим Кобург победнички ја завршија 2017 година. Кобург славеше на домашен терен над Либек со 24:21 во 20 коло од Втората Бундес лига.

300x250

Нелоски постигна 3 голови од 8 обиди, а имаше и 1 блокада на противнички удар. Кобург ја заврши полусезоната со биланс од 10 победи, 4 реми и 6 порази, што беше доволно за 6 позиција, но ќе има шанса на пролет да се доближи до водечките Бергишер и Битигхајм.

Фото: Valentina Trajkovska