Нексе се специјализираше за победи со гол разлика

Ракометарите на Нексе од Нашице дојдоа и до втората победа во новата сезона во СЕХА-лигата, а овој пат беа успешни на гостувањето во БиХ кај тимот на Извиѓач кој го совладаа со 24:23.

Ова беше втора победа сезонава за Нексе со гол разлика бидејќи и во првото коло триумфот беше забележан исто така со еден гол против составот на ППД Загреб на домашен терен.

Нексе беше подобриот ривал, но за победата мораше да се бори до последната минута. Голот кој одлучи беше дело на Албин Етер. Тој постигна еден гол на средбата од еден удар и тој беше за победа на натпреварот, па Нексе доаѓа в Скопје в недела со максимални шест поени.

Најефикасни на оваа средба беа тројца ракометари кои постигнаа по пет гола. Во Извиѓач тоа беа Калуѓеревиќ и Делиќ, додека во редовите на Нексе пет погодоци постигна ветеранот Ведран Зрниќ. Голманот на домашните Горан Анѓелиќ запре 13 удари, додека првиот избор за голот на Нексе, Морено Цар одбрани осум топки.

Следниот меч за Нексе е против Металург в недела од 20:15 часот во Скопје, додека Извиѓач в сабота гостува кај ППД Загреб.