Нексе и Металург донираа книги во Нашице

Екипите на Нексе и на Металург синоќа ги поделија бодовите на мечот кој беше одигран во рамки на СЕХА-лигата откако ремизираа со резултат 31:31. Сепак, покрај мечот ова гостување на „металурзите“ имаше и друга димензија бидејќи беше направена донација на книги.

Клубовите Нексе и Металург им врачија вредна донација на Хрватската народна библиотека и на читателите на книги во Нашице. Донацијата се состоеше од книги на македонски јазик.

Ова е трета ваква акција во Нашице после донациите кои беа направени и со Вардар и со Татран Прешов. Во трите акции беа донирани дури 800 книги.