Некој сака да ризикува: Ја побара за жена пред полна сала, доби одговор… (ФОТО)

Почетокот на сезоната во Бундес лигата и натпреварот меѓу Рајн Некар Ловен и Лемго, донесе победа за Филип Талески и колегите, но покрај ова имаше и еден друг интересен момент кој остана за паметење.

Ракометарот од Данска, Мадс Менсах Ларсен, кој е колега на Талески и на Абутовиќ одлучи дека со почетокот на новата сезона е време и за стапување во брак, па ја побара за сопруга својата девојка.

Одлучи да го изведе овој момент на местото каде што најдобро се снаоѓа, па заврши одлична работа и доби позитивен одговор. Како изгледаше самиот чин на барање за сопруга на својата девојка можете да погледнете од фотографиите кои беа направени на теренот.