Некои немаат ниту еден, а тие имаат три

Станислав Кашпарек ја продолжи верноста со унгарскиот првак ПИК Сегед. Овој 22-годишен чешки интернационалец ќе го носи дресот на тимот на Хуан Пастор до 2021 година.

За младиот и талентиран Кашпарек интерес покажаа голем број на европски екипи. Високиот десен бек е стандарден чешки репрезентативец. Потекнува од школата на Зубри, а потоа три сезони беше дел од Балатонфуреди, пред да дојде во ПИК Сегед.

Дел од екипите мака мачат да најдат еден десен бек, а ПИК Сегед има три. Оваа сезона тоа се Хорхе Македа, Жолт Балог и споменатиот Кашпарек, додека догодина на местото на Балог доаѓа Лука Степанчиќ од ПСЖ.