Некогашната ракометарка на Металург ја прекинува кариерата

Официјалната страна на унграскиот Ерд ги објави радосните вести за српската репрезентативка Катарина Крпеж-Слезак. Таа очекува бебе и ќе ја пропушти наредната сезона.

Најдобрата ракометарка на клубот пред сезоната ги содели новостите со навивачите за нејзината состојба. Крпеж-Шлезак ќе го пропушти и Светското првенство во Јапонија на кое Србија ќе се бори и за пласман на Олимписките игри во Токио.

31-годишната ракометарка и капитен на својата селекција има одиграно девет големи натпреварувања и е рекордер по настапите во репрезентацијата.