Недисциплинираниот Металург капитулираше против Спортинг

Спортинг сизамина како победник од гостувањето во Скопје откако денеска успеа да гонадигра Металург и да го совлада со 31:24. Металурзите одново покажаа две различнилица. Во првото беа на потребното ниво, а потоа во вториот дел целосно мудозволија на противникот да си направи разлика и да дојде до победа.

Во клучните моменти имаше и недисциплина, избрзани шутеви кои завршуваа со лесна одбрана на Скок. Залудни беа и големиот број на интервенции на Томовски, па на крајот Металург мораше да капитулира поради свои грешки.

Беа одиграни дверазлични полувремиња. Колку што во првото полувреме стрелците имаа свои моментии го торпедираа голот на противникот, толку голманите во продолжението добијаможност да се истакнат и да соберат голем број на одбрани.

Металург имаше повеќе од играта во првите 30 минути. Успеа да го диктира темпото постојано и да биде во предност. Од почетокот на средбата металурзите тргнаа сигурно и ја имаа предноста. Постојано беа во водство, а при 8:4 делуваа моќно против ривалот од Поргтугалија.

Сепак, ова небеше доволно, па Спортинг успеа да намали и да се избори за погодоци со кои севрати во игра на овој меч. Неизвесноста се врати и до крајот на првотополувреме немаше простор за ново резултатско одвојување. Се играше постојано согол до два предност, па на крајот првиот дел Металург имаше само гол предностод 18:17.

Вториот дел почна со поцврста игра во одбраната. Почна и со два гола од Спортинг и пресврт во однос на резулатот. Спортинг го презеде водството, па Металург мораше постојано да брка резултат. Во првите неколку минути металурзите беа уште во игра, но потоа Спортинг засили и дојде до предност од три гола која во финишот од средбата почна да се зголемува.

На пет минути докрајот падна одлука околу победникот на овој дуел. Спортинг водеше со 28:23 итука беше само прашање со каква разлика ќе заврши овој дуел. Недисциплината вонападот и брзите шутеви придонесоа Металург на крајот да има превисок пораз,кој ги врати работите по старо откако пред неколку дена се појави искра надежпротив Чеховски медведи дека работите одат на подобро.

МЕТАЛУРГ – СПОРТИНГ              24:31 (18:17)

Сала: СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 500. Судии: Саид Бонура и Калид Сами од Франција. Делегат: Панос Антониу од Кипар.

МЕТАЛУРГ: Томовски 0/1 (17 одб., 1 сед.), Даниловски, Јагуриновски, Лазаревски 3/3, Димитриоски 5/9, Токиќ 1/5, Шилегов 1/3, Танкоски 4/7, Серафимов 1/2, Шпенде 3/7, Велковски 2/5, Рибеиро 3/5, Пучник 1/1, Миличевиќ, Маџовски, Арсеновски.

Седмерци: 1/3, Исклучувања: 24 мин.

СПОРТИНГ: Скок (17 одб., 1 сед.), Ашанин, Чудиќ, Валдез 5/7, Араухо 1/3, Бјелановиќ, Руесга 5/10, Карол Марцо 4/10, Т. Роча 2/3, Карнеиро 2/3, Ф. Роча 4/5, Стјепановиќ, Рејс, Никчевиќ 4/6, Грацио, Фраде 4/6.

Седмерци: 2/4, Исклучувања: 10 мин.