Неготинци убедливи во второто полувреме во Пробиштип

Ракометарите од Неготино забележаа три бода на гостувањето кај Рудар со што останаа во горниот дел од табелата во Првата машка лига. Вардар имаше предност во речиси целата средба така што на крајот победата беше сосема заслужена.

Домашните поведоа со 1:0 на овој меч, а потоа гостите ја презедоа комплетната иницијатива и во еден момент стигнаа и до разлика од шест гола, 6:12.

Откако на полувреме Вардар Неготино имаше предност од 15:12 во продолжението од средбата веќе немаше шанса за домашните така што неготинци продолжија сигурно и дојдоа до убедлив триумф од дури 12 погодоци разлика со конечни 34:22.

РУДАР – ВАРДАР НЕГОТИНО          22:34 (12:15)

Сала: „Софија Петрова“ во Пробиштип. Гледачи: 300. Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

РУДАР: Милосов, Божиновски, Гласенчик, Атанасов, Радевски, Спасовски 1, Митевски, Јаначковски, Стојанов 6, Тодоров 4, Петковски, Ампов 4, Младеновски, Трајковски 7.

Седмерци: 6/11, Исклучувања: 8 мин.

ВАРДАР НЕГОТИНО: Мицев, Трајков 2, Паланков 3, Л. Арсов 4, Стаменов, Астарциев, Ташев, Митревски, Недевски, Кузманов 6, Коцев 4, Станков 1, Л. Арсов 1, Вељанов 7, Трајковски 5.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 14 мин.