Неготинци со три бода од Гевгелија

Неготинци имаа одлично гостување во Гевгелија каде што успеаја да се изборат за трите бода на овој дуел на кој го искористија неиграњето на Аларов и Џонов во тимот на Партизан. Со минимални 33:32, Вардар Неготино ги однесе трите бода така што успеа да се искачи на 4. позиција на табелата.

300x250

Во текот на сите 60 минути се играше израмнето и имаше резултатска тензија. Тимот од Гевгелија се обидуваше да дојде до што е можно подобар резултат и да направи предност, но гостите беа тие што имаа контрола. Оттаму на одмор имаа 19:17, а во вториот дел имаше менување во водство.

Финишот донесе неколку промени. Партизан влезе со 31:30, а потоа гостите поведоа со 32:31. Тука дојде до израмнување, но последниот удар беше зададен од неготинци кои успеаја да си заминат со трите бода.

ПАРТИЗАН – ВАРДАР НЕГОТИНО          32:33 (17:19)

Сала: 26 Април во Гевгелија. Гледачи: 50. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

ПАРТИЗАН: Стојов, Т. Узунчев 2, Костадинов 2, Вегов 4, Николов 7, Митревски 10, Љубевски 6, Костадинов 1, Трајков, Д. Узунчев, Велев, Колевски.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 8 мин.

ВАРДАР НЕГОТИНО: Божинов, Ивановски, Л. В. Арсов, Митевски, Вељанов 6, Станков, Коцев 5, Недевски 1, Трајков 1, Паланков 1, Л. И. Арсов 4, Стаменов 1, Кузманов 6, Трајковски 7, Орешков, Здравковски.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 16 мин.