Неготинци и кумановци го имаат дербито во Втората првалигашка група

Дел од средбите во Првата машка лига од групата 2 ќе се одиграат во текот на следната недела, а првите два меча се закажни за утре.

300x250

Први на теренот ќе излезат ривалите од ланската сзона Вардар Неготино и Куманово кои ќе потсетат на она што беше актуелно и во минатогодишната Прва лига. Тие и тогаш имаа интересни средби, па несомнено е дека и утре ќе одиграат квалитетно.

Што се однесува до Македонија Ѓорче Петров и Астраион ова се две екипи кои годинава се пријавија за настап во Првата лига и оттаму ќе треба да покажат со какви амбиции влегуваат во новата сезона.

Сосема извесно е дека тука за горниот дел од табелата ќе има што да покажат и Металург јуниор и Риниа М, но тие ќе играат во четврток.

ПРВА МАШКА ЛИГА – ГРУПА 2

НЕДЕЛА, 16 СЕПТЕМВРИ

18:00ч

ВАРДАР НЕГОТИНО – КУМАНОВО

Сала: Гим. „Кирил и Методиј“ во Неготино. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Сашо Јанкулоски од Битола.

18:30ч

МАКЕДОНИЈА ЃП – АСТРАИОН

Сала: Гим. „Кочо Рацин“ во Скопје. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје.

ЧЕТВРТОК, 20 СЕПТЕМВРИ

МЕТАЛУРГ ЈУНИОР – РИНИА М

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Стево Костенчев од Скопје.