Неатрактивни, но тешки ривали за Металург и Куманово

Двете екипи од Македонија кои во новата сезона ќе играат во Купот на ЕХФ во женска конкуренција, Металург и Куманово добија незгодни противници.

Металург ќе игра против составот на Заглебие Лубин од Полска. Ривал кој не е атрактивен, но во исто време е силен и незгоден.

Освојувачот на Купот на Македонија, пак, Куманово својот прв меч исто така го игра на домашен терен, а противник е Славија Прага од Чешка.

Првите средби се предвидени за 7 и 8 септември, додека реваншите се една седмица подоцна.

КУП НА ЕХФ-ЖЕНИ

ДВОЈКИ ЗА 1. РУНДА

ГОМЕЛ (Белорусија) – ИСТОГУ (Косово)

КОЛЕХО ДЕ ГАЈА (Португалија) – БЕЗАНСОН (Франција)

КВИНТУС (Холандија) – ХИФК (Финска)

БЕРА БЕРА (Шпанија) – ЦУГ (Швајцарија)

КУМАНОВО (Македонија) – СЛАВИЈА ПРАГА (Чешка)

Х 65 ХОРС (Шведска) – БРУЛ (Швајцарија)

БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН (Германија) – ЛАЦИЈА НИКОЗИЈА (Кипар)

АСТРАХАНОЧКА (Русија) – МАКАБИ АРГ (Израел)

ГАЛИЧАНКА ЛВОВ (Украина) – АЗЕРИОЛ БАКУ (Азербејџан)

КРАЈОВА (Романија) – ЈОМИ САЛЕРНО (Италија)

ЈУВЕНТА МИХАЛОВЦЕ (Словачка) – ШПОНО ИГЛС (Швајцарија)

КЕРЖЕНГ (Луксембург) – БЈАСЕН (Норвешка)

СКУРУ (Шведска) – ВАЛУРГ (Исланд)

ПАОК (Грција) – МУРАТПАША БЕЛЕДИЈЕСИ (Турција)

МЕТАЛУРГ (Македонија) – ЗАГЛЕБИЕ ЛУБИН (Полска)

ХИПО (Австрија) – АЦГЕРСДОРФ (Австрија)