Н’Гесан продолжува со Барселона до 2022 година (ФОТО)

Францускиот репрезентативец и актуелен ракометар на Барселона-Тимоти Н’Гесан(26) останува во Каталонија и во следните четири сезони.

300x250

Левиот бек имаше важечки договор со Барселона до крајот  на наредната сезона, но каталонците беа задоволни од перформансите на французинот со кого потпишаа договор на нови четири сезони до 2022 година.

Н’Гесан во 2016 година од Шамбери пристигна во Барселона, а по аклиматизацијата во новиот клуб веќе во втората сезона го покажа сиот свој потенцијал. Задоволство од продолжувањето на договорот искажаа и самиот ракометар како и спортскиот менаџер на Барселона, некогашната голманска легенда Давид Баруфет.

Тимоти Н’Гесан

“За мене Барселона е најдобриот клуб на светот и многу сум горд што продолжувам со екипата. Следните сезони треба да бидеме уште подобри и се надевам дека со екипата ќе постигнеме големи резултати”.

Спортскиот директор, Давид Баруфет е задоволен од тоа како ракометарот напредува во Барселона, по што се одлучиле навреме да ја осигураат неговата иднина во екипата.

“Неговиот напредок е фантастичен и затоа сакавме да го осигураме неговиот потпис за во иднина да немаме никакви проблеми на тоа поле. Тимоти е многу среќен во Барселона, буквално дише со екипата, а ние се надеваме дека може да даде и многу повеќе за оваа екипа”-заврши Баруфет.