НБА завршница и спектакуларен гол на Микел Хансен со звукот на сирената за финале во Купот на Франција (ВИДЕО)

Драма неизвесност и трилер завршница која многу ретко се случува на ракометните терени. Во вчерашниот полуфинален дуел од клупот на Франција меѓу ПСЖ и Сент Рафаел можевме да видиме од се по нешто. Парижани постојано беа во водство, се до финалните секунди од натпреварот кога, Сент Рафел не успеа да ја искористи првата шанса за израмнување, но затоа втората од пенал линијата ја претвори во 30-30. Останаа уште шест секунди, само поради брзата реакција на клупата на ПСЖ и побараниот тајм аут. Она што наликуваше на кошаркаска завршница, доби друга димензија кога Микел Хансен буквално во последната секунда успеа да постигне погодок за победа на ПСЖ од 30-31 и пласман во финалето.

Како изгледаше лудата завршница на првиот полуфинален куп натпревар во Франција можете да погледнете во продолжение.

ПСЖ во финалето во недела ќе игра против составот на Нант кој беше поуспешен од Данкерк во вториот полуфинален дуел.