На турнирот во Германија: Европскиот шампион ја отвора сезоната против Рајн Некар Ловен

Актуелниот европски првак на крајот на јули ги започнува подготовките за следната сезона. Замина Алекс Душебаев, а ќе пристигне Денис Криштопанс, но составот на Раул Гонзалес ќе го задржи костурот кој оваа сезона се искачи на врвот на Европа. Вардарци својот прв контролен натпревар ќе го одиграат во рамките на  турнирот во Гумерсбах кој на распоредот е на 12ти и 13 август во Швалбе Арената.

Ждрепката сакаше на стартот на сезоната Вардар да ги одмери силите со актуелниот германски првак Рајн Некар Ловен, тим во кој настапува македонскиот репрезентативец Филип Талески. Победникот од тој дуел кој на распоредот е во сабота на 12.08 ќе обезбеди финале на овој турнир, каде ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Фленсбург и домаќинот Гумерсбах.

Билетите се веќе во продажба, ќе може да се набават дневни билети или за целиот викенд и ќе се движат од 14 до 27 евра за првиот ден и од 17 до 30 евра за финалниот ден. Како што истакна менаџерот на Гумерсбах Петер Шонбергер турнирот „4 Клубови“ ќе претставува огромна можност за Гумерсбах и целиот регион да ја претстават поддршката на сите партнери на национално и интернационално ниво.

Распоред:
Сабота 12.08:
14:00 Гумерсбах v. СГ Фленсбург
17:00 Вардар Скопје v.  Рајн Некар Ловен

Недела 13.08:
13:30 Натпревар за трето место
16:00 Финале