На тренинг со македонската репрезентација: Фудбал да се „осети“ теренот во Клуж (ФОТО)

Македонија го одработи првиот тренинг во Клуж. Утрешниот бараж натпревар против Романија, избраниците на Раул Гонзалез ќе го одиграат во една од најстарите спортска сали во Романија, спортската салата „Хориа Демиан“ која е со капацитет од 2.500 гледачи. Во пеколни услови заврши денешниот тренинг на Македонија, а утрешниот натпревар ќе биде тест за издржливоста на експедицијата која отпатува по виза за Светското првенство 2019, чии домаќини се Германија и Данска.

Со малку фудабал македонските репрезентативци ја почуствуваа подлогата на теренот во Клуж, а потоа се брусеа последните детали пред клучниот дуел кој ќе определи дали Македонија или Романија ќе настапат на јануарскиот мундијал.