На среќата и немаше крај: 24Ракомет славеше со Македонците во Загреб (ВИДЕО)

По големата победа на македонската репрезентација над Словенија со 25:24 во првото коло на Европското првенство, навивачката еуфорија ја доживеа својата кулминација во раните утрински часови низ Загреб.

Цела хрватска престолнина беше обоена во „црвено-жолта“ боја, навивачи беа присутни од повеќе македонски градови, Скопје, Битола, Кавадарци, Кочани, Валандово….

24Ракомет беше со „Фалангата“ низ неколку ноќни клубови и во видео прилогот можете да погледнете каква беше атмосферата во хрватската престолнина по завршувањето на натпреварот…