На Раул не му тргна најдобро во ПСЖ, загуби и од Нант

Екипата на ПСЖ на стартот на новата сезона во Франција не е во посакуваната форма. Иако пред една недела беше освоен пехарот на Турнирот во Стразбур, сепак, на првото официјално натпреварување работите не одеа најдоро.

Раул и момците загубија два меча за два дена. Откако вчера во полуфиналето Ст. Рафаел се избори за триумф од 26:25, денеска против Нант составот на ПСЖ се избори за нерешени 34:34.

После ова следуваше пенал-рулет во кој и двата тима имаа расположени пеналџии, па долго се задржаа на теренот. Одлучуваше само еден удар, а на крајот резултатот беше 46:45 во корист на Нант. Откако го совладаа ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите ова беше само уште еден триумф за Нант против тимот од Париз.

Најефикасен беше Валеро Ривера со 12 гола, додека Кире Лазаров мечот го заврши со осум погодоци, а имаше реализација од 100 проценти.