На радоста и немаше крај: Пехар – најава за трофејна сезона (ФОТО)

Екипите на Целје, Констанца и Тулуз синоќа ги добија пехарите за пласманот на првите три места на 46. издание на Струшкиот турнир, а како се славеше на теренот може да се заклучи дека задоволството е огромно и дека тие беа максимално сериозни во своите амбиции да си заминат со трофеј од ова гостување.

300x250

На средбите во минатите пет дена овие три екипи покажаа најмногу па затоа и се радуваа многу на пехарите за она што беше сработено на теренот. Се играше одлично, а финалето беше максимално израмнето.

После средбата од финалето секако најзадоволни беа во тимот на Целје бидејќи ракометарите на овој тим дојдоа до трофејот и ја напуштаат Струга како победници.

Каква беше атмосферата после натпреварите на отвореното игралиште на „Женска плажа“ можете да погледнете и низ фотографиите во продолжение.

Целје го крена шампионскиот пехар
Фотографија од шампионите за овеко
вечување на моментот на првата титула во Струга
Романците го сакаа пехарот за првото место, но беа задоволни и со 2. позиција
Нијанси ја оставија Констанца со пехарот за 2. место
На Роман Жирду му беше „најтешко“, прво го потстрижаа потоа го пратија како најмал да го крене пехарот за 3. место
Жирду најде начин да се пошегува на своја сметка