На Миркуловски му тргна со пехари за силна најава на новата сезона со Вецлар (ФОТО/ВИДЕО)

Тимот во Бундес лигата каде што капитенската лента ја носи ракометар од Македонија одработи одлични подготовки и тест натпревари на кои забележа шест победи и едно реми.

Филип Миркуловски имаше можност да крене и два пехари освоени на Шпаркасе купот и Хајде купот со што тој заедно со колегите од Вецлар покажа дека сезонава влегуваат со амбиции за висок пласман.

Колку сериозно влегуваат во новата сезона може да се види и од резултатите и од атмосферата.

Веќе направија и видео за силна најава пред стартот на официјалните средби така што дефинитивно ќе има што да се види на теренот во новиот шампионат.

 

View this post on Instagram

 

Nur noch 1️⃣0️⃣ Tage‼️ #WeilDuDasSpielLiebst #17UNDWIR

A post shared by HSG Wetzlar (@hsg.wetzlar) on

nbsp;