На женското Европско првенство без судии од Македонија

На Европското првенство во женска сениорска конкуренција ќе има 14 судиски двојки, но нема да има арбитри од Македонија. Како што е веќе познато редовно Македонија има свои судии на големите натпреварувања во машка конкуренција, па нема и кај дамите.

300x250

Одредени се 14 судиски двојки и тоа седум машки и седум женски судиски двојки кои ќе имаат тешка задача на средбите кои ќесе играат од 29 ноември до 16 декември во Франција.

Како што е познато Македонија го освои 3. место во својата квалификациска група и не успеа да се пласира, а од нашата група на ЕП завршија Србија и Шведска.

Меѓу судиите коишто се номинирани за ЕП се најдоа:

Ана Врањеш/Марлис Венингер (Австрија)

Далибор Јуриновиќ/Марко Мрвица (Хрватска)

Карина Кристијансен/Лине Хеселдал Хансен (Данска)

Андреу Марин/Игнасио Гарсија Серадиља (Шпанија)

Шарлот Бонавентура/Жули Бонавентура (Франција)

Михалис Цаферопулос/Андреас Бетман (Грција)

Петер Хорват/Балаш Мартон (Унгарија)

Игор Ковалчук/Алексеј Ковалчук (Молдавија)

Јелена Митровиќ/Анѓелина Казанегра (Црна Гора)

Кристина Настасе/Симона Ралука Станку (Романија)

Викторија Алпаидзе/Татјана Бережкина (Русија)

Александар Панџиќ/Иван Мосорински (Србија)

Марија Бенани/Сафија Бенани (Шведска)

Борис Мандак/Марио Рудински (Словачка).