На ЕХФ-шампионатот во Грузија денеска се делат билети за полуфинале

Со натпреварот меѓу Швајцарија и Луксембург денеска стартува 3. коло на ЕХФ-шампионатот во Грузија, а овој дуел ќе покаже многу и околу тоа кој ќе оди во полуфиналето. Со победа Швајцарците практично ќе се најдат меѓу најдобрите четири, но ќе треба тоа да се потврди и на теренот. Луксембург покажа одлична игра на првите средби, па сигурно нема да биде лесно.

Македонија својот дуел денеска го игра од 11 часот, а ривал се Фарските острови, па и ова ќе биде интересен дуел бидејќи со победа Македонија може да се најде во битка за место во финалето.

Во другата група денеска слободна е Белорусија, но затоа домаќинот ќе се бори за нова победа и влегува како фаворит против Грција.

ЕХФ-ШАМПИОНАТ (ГРУЗИЈА)

3.КОЛО (ДЕНЕСКА)

ГРУПА А

09ч

ШВАЈЦАРИЈА – ЛУКСЕМБУРГ

11ч

МАКЕДОНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ

13ч

ЕСТОНИЈА – ЛИТВАНИЈА

ТАБЕЛА: 1. Швајцарија 4 бода (72:40); 2. Македонија 4 (63:55); 3. Фарски острови 2 (57:53); 4. Луксембург 2 (57:57), 5. Естонија 0 (43:64); 6. Литванија 0 (48:71).

ГРУПА Б

15ч

ГРЦИЈА – ГРУЗИЈА

17ч

ИТАЛИЈА – ФИНСКА

ТАБЕЛА: 1. Грузија 2 бода (57:49); 2. Италија 2 (27:20); 3. Белорусија 2 (56:54); 4. Финска 1 (25:25); 5. Грција 0 (42:59).