На Димитриевски одлично му оди во Шпанија, Синфин го победи Кањас

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски игра во одлична форма во дресот на Синфин Сантандер во Асобал лигата, што е за него позната средина со оглед на тоа што своевремено ги носеше дресовите на Сагунто и Адемар Леон.

На последниот натпревар Синфин славеше на домашен терен против Моразо Кањас со 25-21, а Димитриевски ја имаше главната улога во одбраната. Одигра дел од мечот и во напад, каде постигна еден погодок.

Синфин следниот натпревар го игра на гостински терен кај Бенидорм, а по осум одиграни кола има три победи, еден нерешен резултат и четири порази.

Фото: Luis Trapero