На гол до историја: Гландорф на следниот меч го минува Кјунг-Шин

Десниот бек на екипата на Флензбург, Холгер Гландорф е пред запишување на своето име во историјата на Бундес-лигата откако дојде до бројка од 2261 погодок со што се доближи до лидерот на вечната листа, Кореецот Кјунг-Шин Јон.

300x250

На Гландорф му треба само еден погодок на следниот меч за да се израмни, а два за да стане новиот рекордер во Бундес-лигата, но според голови коишто се постигнати од игра.

Кога ќе се пресметаат и седмерците таму ситуацијата е поинаква. Таму Јон и понатаму е во голема предност бидејќи тој во својата Бундес-кариера постигна 2908 гола со што постави сериозна задача за сите други ракометари коишто играат после него.

На 2. место на оваа листа е Ларс Кристијансен со 2875 погодоци, а трет е Јохен Фрац со вкупно 2660 гола. Холгер Гландорф на оваа листа е на високото 4. место, но со големо заостанување. Има вкупно 2284 погодоци.