На билетарата во Ланксес арена: Останати уште 50 влезници за сабота и недела

За натпреварите кои ќе се играат в сабота и в недела во Ланксес арената во Келн има уште 50 билети за блок 212. Тоа е шансата за сите оние кои не успеале да додјат до влезница да купат во последен момент и да ги следат полуфиналните и натпреварите за пласман.

300x250

Во текот на утрешниот ден има најава за уште влезници, а новиот пакет би требало да пристигне од агенциите кои продаваа влезници. Оние кои не успеале да ги продадат ќе бидат во продажба утре.

Влезниците кои се за фановите не се наоѓаат на билетара бидејќи за нив одговорни биле во ЕХФ, а најевтиот билет чинеше 77 евра.