Најубавата голманка во светот ќе ги брани ударите на вардарки во Битигхајм (ФОТО)

Холандската репрезентативка Тес Вестер, во ракометните кулоари прогласена за најубавата ракометарка меѓу голманките, денеска ќе ги брани ударите на вардарки, и ќе се обиде да спречи пораз на нејзиниот тим. Битигхајм ќе има само 12 ракометарки во ростерот, од кои 3 се голманки, па ќе имаат тешка задача против европскиот вицепрвак.

Вестер покрај голманските квалитети е позната во ракометните кругови и по тоа што е во врска со поранешниот дечко на Естевана Полман, со која ја дели соблекувалната во националниот тим. Има направено и повеќе фотосесии со кои мами погледи на машкиот дел од соблекувалната….